ТОП,Македонија

Во ДИК се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи

Во ДИК се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи

Вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список се пријавиле денеска до Државната изборна комиија, заклучно податоците до 13:00 часот.

Како што соопшти ДИК, од нив 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Државната изборна комисија.

Според објавената табела, најголем дел од пријавите се од жители од општина Чаир  – 255, следат општина Аеродром – 90, општина Центар – 83, општина Тетово – 78 и 64 пријави од граѓани од општина Гостивар.