петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 16

Во ДИК се пријавиле 5.022 граѓани со спорни записи

Од нив 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

дик

Последни вести

Вкупно 5.022 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список, се пријавиле до денеска напладне во Државната изборна комисија.

Од нив, како што соопштија од ДИК, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Според податоците на ДИК, најмногу пријавени граѓани има во Чаир – 907, во Сарај – 571, во Тетово – 501 и во Куманово – 453. Намалку пријавени има во Пласница, Василево и Градско – по 2, а до ДИК не се пријавил ниту еден граѓанин од повеќе општини, меѓу кои и Неготино, Пехчево, Зелениково, Кривогаштани, Демир Капија.

Најчитани вести