вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Во ДИК се пријавиле 756 граѓани со спорни записи

dik

Поврзани вести

До денеска до 13:00 часот, 756 граѓани се пријавиле за да го регулираат своето избирачко право, соопштуваат од Државната изборна комисија.

Од пријавените, како што информираат од ДИК, 207 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 549 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

На вкупно 39.502 граѓани не им се совпаѓаа податоците при вкрстените проверки за прочистување на Избирачкиот список и беа ставени на посебен список. Тие имаат рок до 19 август да се пријават до Државната изборна комисија за да го регулираат своето избирачко право и да достават валиден личен документ на проверка по што ќе бидат вметнати во Избирачкиот список.

Најчитани вести