Во договорот со Бугарија предвидени и комисии за цензура на медиумите

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, според бугарските медиуми, најверојатно ќе биде потпишан на 1 август вечерта, наместо на 2 август – Илинден, како што претходно беше соопштен, а во Бугарија пишуваат и дека работна група се наоѓа во Скопје каде се договараат последните детали, по што договорот ќе биде ратификуван.

И додека македонската влада молчи за содржината на договорот, која според историчарите и предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ е штетен за Македонија, информациите објавени во бугарските медиумите говорат дека по потпишувањето на договорот ќе се формираат комисии кои имаат за задача да ја следат реализацијата на обврските од договорот, но и дали во медиумите се објавуваат негативни статитии.

bg-mediumi

„Во него се предвидува формирање на работна група за ткн заедничка историја. Во неа треба да влезат претставници на научните кругови, општественици, историчари. Три месеци по ратификацијата таа треба да се собере, a целта е да надгледува дали двете земји го исполнуваат договорот и ќе се следи дали продолжуваат да се објавуваат негативни статии во македонските медиуми“, пишува бугарски Блиц.

Бугарските медиуми пишуваат и дека Бугарија планира да го ратификува договорот за добрососедство со Македонија во Обединетие нации и на тој начин да му даде обврзувачки карактер.

Македонските медиуми минатата седмица пишуваа дека под превезот дека ќе бидат владини советници, новиот премиер Зоран Заев формира платен список на историчари кои ќе треба безочно да го бранат или да молчат за договорот за добрососедство со Бугарија, за кој јавноста сѐ уште нема информации што договорил Заев во Софија.

Дополнително, бугарските медиуми најавуваат и засилена дипломатска иницијатива на Бугарија. По трипартитната средба во Атина на највисоко ниво меѓу Грција, Бугарија и Србија, бугарските политичари ќе ги посетат и Белград и Тирана. Медиумите за посетата во Тирана најавуваат отворање на прашањето за признавање на бугарското малцинство во Албанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.