Во Дојран се прска против комарци, препаратот не е штетен за луѓето, почвата, растенијата

На територијата на општина Дојран се изврши авионско прскање против комарци. Аеросолната адултицидна дезинсекција се изврши на површина од 1.000 хектари, со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината, соопшти општина Дојран.

Од општината потенцираат дека препаратот што се употреби за прскање против комарците не е штетен за луѓето, почвата и растенијата и не ја загадува водата.

Единствено се апелираше до пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелните семејства во терминот за прскање.