Свет

Во Доњецк почна нова фаза на повлекување на оружјето

Во Доњецк почна нова фаза на повлекување на оружјето

Во самопрогласената Доњецка Народна Република почна нова фаза на повлекување на оружјето, соопшти денеска Министерството за одбрана на Републиката, пренесува МИА.

– Се очекува повлекувањето на оружјето да се одвива во три правци, Торез-Дмитровка, Доњецк-Первомајск, Безимјаноје-Самојилово, изјави претставник на Министерството, јави ТАСС.

Тој додаде дека повлекувањето на оружјето почнало во 9:30 часот по московско време.

Повлекувањето го надгледуваат набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).