Во ДПМ трибина за литературата за деца

„Актуелните аспекти на литературата за деца“ е насловот на трибината што утре во 12 часот ќе се одржи во Друштвото на писателите на Македонија.

Воведни излагања на трибината ќе имаат д-р Атанас Николовски, д-р Јелица Николовска, Стојан Тарапуза и Трајче Кацаров, а во работата на овој собир ќе учествуваат и наставници по македонски јазик, претставници на издавачкиte куќи и списанија, писатели за деца и читатели.

Трибината се одржува во рамките на кампањата на Друштвото на писателите на Македонија за поддршка на литературата за деца за која интересот е се помал.

ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има се помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.