Во Драч запленети 30 килограми хероин

хероин

Дрогата, распределена во 52 пакетчиња, била скриена во камион „сканија“ со приколка, натоварен со огревно дрво, кој тргнал од Елбасан, а требало да замине со траек за  Италија.

При контрола со скенер, на таванот на каросеријата биле  откриени пакетчињата со дрога.

Уапсен е возачот на камионот Аурел Круемади(45) од  Елбасан, кој тврдел дека немал сознанија оти во возилото  има и дрога.

Постојат основани сомненија дека потеклото на дрогата е  Турција, која најверојатно минала низ Македонија или низ Косово па стигнала до Албанија.

Албанската полиција потврдува дека ова е најголема количина на запленет хероин во последните години. Истрагата се води за меѓународна трговија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.