Крими хроника

Во Драчево запленети 135 стебла марихуана (ВИДЕО)

Во Драчево запленети 135 стебла марихуана  (ВИДЕО)
Во Драчево запленети 135 стебла марихуана

Во рамки на оперативната акција „Мрежа“, кривична пријва и притвор доби и скопјанецот Д.Г.(25), кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.

Тој во текот на 2015 година неовластено набавил семе од растението „канабис сатива“ кое го засадил во месноста викана „Песовци“ во атарот на општина Драчево. Стеблата ги одгледувал во пластеник и ги наводнувал преку систем „капка по капка“.

На 5 октомври, извршен е претрес на катастарската парцела во месност „Песовци“, Драчево, сопственост на лицето В.С., а која пријавениот ја има изнајмено и ја користи, при што во еден од пластениците се пронајдени 135 стебла од „канабис сатива“.

Досега во рамки на акцијата поднесени се кривични пријави против повеќе од 195 лица и запленети се над 540 килограми најразновидни наркотични средства како и стебла од растението канабис.