Во државната кардиохирургија извршени 36 интервенции за една година

Државната кардиохирургија направи една година од основањето и ги даде планираните и очекуваните резултати. Амбулантата на Клиниката работи со закажување во системот мој термин и досега се извршени околу 100 прегледи. Покрај амбулантата во полна функција е извршувањето на кардиохируршките интервенции, истакна заменик министерот за здравство Јовица Андовски одговарајќи на пратеничко прашање.

– Досега има изработено, заклучно со вчера, 36 кардиохируршки интервенции успешни операции и има над 10 пациенти коишто конзервативно се третирани. Кај дел од овие пациенти се направени исклучително интервенции кои првенствено се значајни за здравјето на пациентите и враќањето на нивната нормална работоспособност. Сите се успешно оперирани со уреден постоперативен тек, рече Антовски и додаде дека за 2015 годна се предвидува во Клиниката да се изведат 150 кардиохируршки операции, а во план е да се отпочне оваа година со васкуларна хирургија.

Информираше дека во план е со градежниот дел да се заврши до средината на месец февруари  оваа година и дека ќе биде поставена целосно опремата која што е веќе набавена.

– Досега се вработени 41 здравствен работник и соработник, како и административно технички работници. Едукација на здравствени работници се одвива  во континуитет и тоа во соработка со реномирани меѓународно признати кардиохируршки центри како што е кардиохируршкиот центар во Рим, во Швајцарија, во Србија.., истакна Андовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.