Во двата бомбашки напада во центарот на Багдад најмалку 27 жртви (ВИДЕО)

Во двете одделни силни експлозии кои во втроникот ја погодија ирачката престолнина Багдад загинаа најмалку 27 луѓе а уште повеќе од стотина се ранети, соопштија властите.

Првата експлозија се случи раното утрото пред една од најпопуларните слаткарници и продавница за сладолед во багдатскиот фреквентен кварт Карада населен претежно со шиитски муслимани, во којашто според последните информации загинале 16 луѓе а ранети се околу 80 луѓе.

Во вториот напад животите ги загубиле 11 луѓе и 30 други се ранети, меѓу кои има многу полицајци. Нападот се случил во близина на зграда на владата во квартот ал-Карк, соопшти багдатската полиција.

За првиот напад одговорноста ја презема сунитската џихадистичка организација Исламска држава којашто шиитските муслимани ги смета за отпадници од верата, додека за втората експлозија во Багдад засега никој не ја презема одговорноста.

Овие два атентата изведени со автомобили бомби се случија на почетокот на светиот месец Рамазан, кога повеќето од жителите на Багдад остануваат на улиците по полноќ подготвувајќи се за новот ден од едномесечниот пост.

Квартот Карада беше цел на сличен напад кога во 2016 година беа убиени 324 луѓе. Тогаш смртоносната експлозија се случи кога ирачките семејства масовно пазареа во пресрет на празникот Еид ал-Фитр на крајот од Рамазан.