Во две училишни кујни во Центар најдени бактерии

Кујните на основните училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Кирил и Методиј“ се затворени откако екипа на Центарот за јавно здравје открила опасни бактерии.

„При последниот увид, направен последната недела од месец декември, во две училишта констатирана е појава на бактерии .Во основното училиште„ Кочо Рацин” има наод  од Ешерихиа-коли  на машината за сечење леб, а во основното училиште „Св.Кирил и Методиј” има наод  од Цитробактер на  штипка за служење риба како и колиформни бактерии. Во двете училишта со кујните стопанисува иста фирма, односно фирмата „Сара Тренд “ од Скопје“, се вели во соопштението од општина Центар.

Од Центар велат дека на директорите на училиштата им било наредено да ги затворат кујните се’ додека не се отстраната бактериите и кујните бе бидат безбедни за користење.

Меѓу другото, во дописот до директорите на училиштата било побарано да свикаат  итни  средби на  Советот на родители и Училишниот одбор  во двете училишта, со цел запознавање на родителите со настанатата состојба и понатамошно постапување.

Општина Центар исто така писмено се обратила  и до Агенцијата за храна  на Република Македонија, како надлежна институција за контрола и инспекторирање на кујните и побара да извршат надзор во кујните на  двете општински  основни училишта „Кочо Рацин”и „Св.Кирил и Методиј” во општина Центар, како и да преземат се’ што е во нивна  надлежност и да не информираат за понатамошно постапување.