Во двојниот самоубиствениот бомбашки напад во центар на Багдад најмалку 38 мртви

Најмалку 38 луѓе се убиени и уште 105 други се повредени во двојниот бомбашки напад во средиштето на Багдад, втор во последните три дена по неколкуте седмици релативно мирна безбедносна состојба во главниот град на Ирак.

„Двајца самоубијци активираа експлозив кој го носеле на плоштадот Ал-Тајаран (на Авијацијата) во центарот на Багдад“, изјави генералот Сад Ман, портпарол на оперативната команда која ги кооридинира војската и полицијата.

Плоштадот Ал-Тајаран е важен трговски центар на Багдад и собиралиште на надничари кои таму доаѓаат рано наутро за да добијат работа. Во многу прилики беше цел на слични напади, честопати смртоносни.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за нападот во понеделникот наутро.

Во саботата во бомбашки напад во северниот дел од Багдад беа убиени осум лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.