Во единаесет сообраќајки деветмина повредени

Во изминатото деноноќие во главниот град на Република Македонија од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, во шест полесно повредени се тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и двајца велосипедисти, а три се само со материјална штета, пренесе МИА.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на одбележан пешачки премин, како и четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР СкопВо је денеска ќе одржи едукативни работилници во подрачните основни училишта „Дитурија“ во населените места Крушопек, Грчец и Љубин, кои се наоѓаат на територијата на општина Сарај со учениците од второ и четврто одделение.

Со почеток во 20 часот и 15 минути, во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на квалификациите за Европското првенство ќе се одржи меѓународен ракометен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Франција. Со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.