Во една вечер починале четири бебиња на скопска Гинекологија

Четири предвремено родени бебиња починале на Клиниката за гинекологија ноќта меѓу четврток и петок минатата недела. Докторката педијатар која била таа вечер на дежурство привремено е суспендирана од работа додека не се расчисти случајот со починатите бебиња, потврдуваат од Министерството за здравство.

Според информации од Клиниката, бебињата биле предвремено родени или со претходно констатирани мултиоргански засегања и застој во растот. Едното бебе било родено во 25. гестациска недела, другото во 27. недела и имало сериозни невролошки проблеми и проблеми со некои органи. Другите две биле родени во 29. недела, од кои едното со претходно утврден застој во растот во матката, а другото со предвремено прсната плодова обвивка и бактерија кај мајката.

Од Министерството информираат дека веќе формирале комисија која ќе го испита случајот, а санитарната инспекција денеска вршела вонреден надзор на Клиниката за гинекологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.