Во Египет 188 луѓе осудени на смрт поради убиство на полицајци

Кривичниот суд во Египет денеска осуди 188 луѓе на смртна казна поради убиство на 13 полицајци.

Тие се обвинети за вмешаност во „масакрот на полицајци“ во градот Кердаси, западно од Каиро, во август, во еден од најсмртоносните напади врз египетските безбедносни сили.

Нападот се случи истиот ден кога полицајците растурија два протестни кампа на приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси.

Судската одлука бара мислење од висок верски претставник, а потоа ќе биде соопштена конечната пресуда.

По соборувањето на Морси во јули 2013 година најмалку 1.400 негови приврзаници се убиени во протестите за негова поддршка, а стотина се осуден на смрт.

Египет беше критикуван поради масовните смртни казни, откако судот во две судења на смрт осуди 1.2000 луѓе. Подоцна бројот на смртни казни беше намален на 200.