Во Египет обвинети 215 приврзаници на Муслиманско братство

Египетските власти обвинија 215 припадници на забранетата Муслиманско братство поради оформување екстремистичка група. Судот ја обвини групата позната како Хелванови бригади за убиство на шест полицајци и поседување оружје и муниција.

Според Би-Би-Си, половина од обвинетите се веќе во притвор.

Во почетокот на месецот египетските судови осудија на смртна казна 183 приврзаници на Муслиманско братство поради учество во убиство на полицајци, пренесува МИА.

Тие се прогласени за виновни за учество во убиство на 16 поицајци во Кардас во август 2013 година за време на насилните протести откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Сегашниот претседател на Египет Абдел Фатах ал-Сиси смета дека Муслиманско братство се голема безбедносна закана, но тоа движење истакнува дека се занимаваат само со мирен активизам.