Во Египет почна годишниот самит на Арапска лига

Во египетското одморалиште Шарм ел Шејк почна годишниот самит на Арапска лига, пренесува МИА.

Главно прашање на средбата е создавање на воени сили на Арапска лига и воената операција во Јемен предводена од Саудиска Арабија.

Со средбата претседава египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Самитот почна со читање на Куранот, во присуство на монарсите од земјите на Персиски Залив и јеменскиот претседатл Абд Рабо Мансур Хади.

фото: МИА