Во Египет претстојат претседателски избори

Дури 98,1 отсто од египетските граѓани го поддржаа новиот основен закон на земјата, пишува германскиот весник „Берлинер Цајтунг“. Следниот чекор најверојатно ќе се претседателски избори. Шефот на армијата, генерал Абдел Фатах ал Сиси е сметан за најсигурен кандидат, иако тоа се’ уште не е официјално потврдено.

Донесувањето на новите закони се случува половина година по соборувањето на режимот на исламскиот претседател Мохамед Морси, од страна на војската. Во следните денови привремениот претседател на земјата Адли Мансур треба да закаже претседателски и парламентарни избори.

„Муслиманското братство“, од чии редови излезе Морси, повика на бојкот.