Во екот на аферата „Телеком“, СДСМ ја вработиле и сопругата на пратеникот Локвенец

Во екот на аферата „Телеком“, СДСМ ја вработиле и сопругата на пратеникот Локвенец
Во екот на аферата „Телеком“, СДСМ ја вработиле и сопругата на пратеникот Локвенец

Сопругата на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во 2003 година била вработена во „Македонски телеком“.

За аферата „Телеком“ на вчерашната седница неменета за пратенички прашања зборуваше пратеникот на СДСМ Хари Локвенец, човек чија сопруга била вработена токму во екот на аферата „Телеком“, во време кога раководство на СДСМ им овозможиле на „Македонски Телеком“ монопол на  телекомуникацискиот пазар, пишува порталот „Курир“.

Покрај огромните суми на пари кои ги добивало раководството на СДСМ за во Македонија да не се воведе нов трет оператор, дел од пазарот биле и партиските вработувања во „Македонски телеком“. Токму сопругата на акуелниот пратеник на СДСМ, Ирена Локвенец била вработена во тоа време.

Граѓаните во тоа време од свој џеб ги плаќале корумптивните зделки на функционерите на СДСМ. Како резултат на тоа што СДСМ избегнувала да го либерализира телекомуниацискиот пазар во Македонија, граѓаните плаќале огромни цени за неквалитетни услуги.

Кога владата на СДСМ, предводена од Бучковски и Шекеринска примила 8 милиони евра поткуп и гарантирала доминација на Телеком, граѓаните плаќале импулс на мобилен 17,3 денари.  Подоцна кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и воведоа трет мобилен оператор и контрола врз мобините оператори, денес просечна цена на импулс за мобилен од само 2 денари по минута, или скоро 90 проценти помалку, пишува „Курир“.