Во експлозија на автобуска станица во Нигерија загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица загинаа утринава кога од експлозија на автобуска станица во предградието Абуџа, главниот град на Нигерија, изјавија очевидци.

Камерманот на Ројтерс видел 20 тела на станицата неделеку од мостот Нијанијан, околу осум километри јужно од градот. Двајца очевидци порано виделе 15 тела, кои од Брзата помош биле тргнати.

За сега никој не ја презема одговорноста за нападот, но сомнежите се на исламистичката милитантна група Боко харам.

Исламистите во напад на едно село на севроистокот на Нигерија, кон крајот на минатата недела убија најмалку 60 лица.