Во експлозија во Кина 31 загинат

Најмалку 31 лице загинaло, а повеќе од 90 луѓе се повредени во експлозија во Урумчиј, главниот град на регионот Сјинџанг на западот на Кина. Две возила се залетале на пазар полн со луѓе и од нив фрлиле експлозив, известува агенцијата Синхуа, повикувајќи се на очевидци.

Од местото на нападот кој полицијата го блокираше се креваат пламен и густ и дим, пренесуваат агенциите.

Сјинџанг е средиште на бројни напади. Во експлозијата на бомбата на железничкиот станици минатиот месец се убиени тројца, а ранети 79 лица.

Властите за нападот ги обвинуваат радикалните ујгурски Муслимани, кои се противат на владеењето на Пекинг во тој регион.