Во експлозија во кинеска фабрика за хемикалии 19 мртви и 12 ранети

Во експлозијата во кинеска фабрика за хемикалии во четвртокот ноќта загинале 19 а ранети се 12 луѓе, што е последната во низата несреќи кои се случија од изминатата година што го натера најголемиот светски производител на хемиски супстанции да ги заостри безбедносните мерки во оваа индустрија.

Засега не е позната причината за експлозијата којашто во четвртокот ноќта се случила во фабриката „Yibin Hengda Technology“ во индустриска зона на неколку часа патување југоисточно од Ченгду, главниот град на југозападната кинеска покраина Сечуан, сооопштија локалните власти.

Пожарот предизвикан од експлозијата бил изгаснат околу 23,30 часот по локално време. Повредените се во стабилна состојба, и започната е истрага, пренесе службената новинска агенција Xinhua.

Компанијата, којашто произведува хемикалии за прехранбената и за фармацевтската индустрија, не одговорила на прашањата на британската новинска агенција Reuters.

Силниот кинески економски раст изминатите децении резултираше со низа индустриски несреќи, а неколку поголеми инциденти во рудниците и на хемиските постројки изминатата година доведоа до ригороно заострување на бебедносните проверки во индустријата.

Во 2015 година експлозија во хемиски склад во северниот пристанишен граф Тијанџин загинаа 165 лица. Минатата 2017 година во експлозија во петрохемиска фабрика во источната провинција Шангдон загинаа осум, а повредени беа девет луѓе.