Во експлозија во супермаркет во Иран 37 повредени (ВИДЕО)

(Photo by IRNA)

Во експлозија во супермаркет во иранскиот град Шираз повредени се 37 лица, пренесуваат во саботата иранските државни медиуми, истакнувајќи дека засега се истражува прчината.

Експлозијата се случила во градскиот супермаркет. Ниедно од повредените лица не е во критична состојба, изјавил началникот на службата за вонредни ситуации на покраината Фарс, пренесе новинската агенција IRNA.

Експлозијата била толку силна што можела да се слушне и во соседството на Шираз, известува агенцијата, додавајќи дека ѕидовите од супермаркетот се урнале.

Началникот на противпожарната служба изјавил дека зградата била евакуирана, а страчњаците ја истражуваатпричината за инцидентот.