Во експлозија во училиште во САД две жртви и девет повредени

Aaron Lavinsky / Star Tribune via AP

Две лица смртно настрадале а девет се ранети во средата во експлозија на гас во приватно училиште во американскиот град Минеаполис којашто предизвикала пожар по што се урнал дел од зградата, соопштија во четвртокот локалните власти.

Телото на еден вработен е откриено меѓу урнатините на училиштето Минехаха Академи, десетина часа по експлозијата, изјави на прес-конференцијата началникот на локалната противпожарна служба Џон Фруетел, одбивајќи да одговори за идентитетот на второто смртно настрадано лице.

Весникот Minneapolis Star-Tribune пишува дека во експлозијата загинал училишниот домар 47-годишниот Рут Берг.

Деветмината повредени се превезени во локалните болници. Едно лице е во критична состојба, изјавил Фруетел. Додал дека е среќна околност што во училиштетот во моментот на експлозијата немало ученици поради летниот распуст.

Според првичните информации на градските власти, причина за експлозијата може да биде оштетување на гасната инсталација коешто го предизвикале работници кои изведувале зафати во објектот.