Свет

Во ерупција на вулкан во Јапонија 48 жртви

Во ерупција на вулкан во Јапонија 48 жртви

Во Јапонија се пронајдени уште пет жртви од ерупцијата на вулканот Онтака со што вкупниот број на настрадани е зголемен и изнесува 48 лица, известуваат јапонските медиуми.Вулканот Онтака ненадејно проработи минатиот викенд додека планината беше полна со излетници и рекреативци.

Во акцијата за спасување учевствувале повеќе од илјада пожарникари, полицајци и војници кои се обидуваат да стигнат до евентуално преживеаните планинари. Има информација дека десетина од нив тргнале кон планината кога од вулканот започнал да излегува пепел, камења и отровен гас.

Ерупцијата на планината Онтака висока 3067 метри во централна Јапонија изби попладнето во саботата, исфрлајќи густ бел чад и пепел 10 километри во висина.