Во Ерусалим амбасадите подготвени да ги преселат шест земји, Романија потврди

Најмалку шест земји се во сериозни преговори со израелските власти за преселување на своите амбасади во Ерусалим, изјавил во четвртокот израескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави весникот Times of Israel.

„Задоволство ми е што можам да соопштам дека најмалку шест земји сериозно разговараа со нас за преместување на нивните амбасади во Ерусалим. Ви благодарам Гватемала, што го направивте тоа. По вашите стапки ќе тргнат и другите“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред странските амбасадори на настанот посветен на Денот на независноста на Израел кој се одбележува на 19-ти април.

Нетанјаху притоа не прецизирал со кои држави на оваа тема разговарале израелските власти.

Претходно Нетанјаху изјави дека Гватемала во мај практички истовремено со САД ќе ја пресели своијата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, и предвиде дека нивниот пример ќе го следат и други земји. Тогаш беше истакнато дека „според процените на израелските дипомати, Хондурас речиси сигурно, ќе биде една од земјите коишто ќе донесат иста одлука“.

Истовремено со изјавата на Нетанјаху, во четвртокот вечерта во Букурешт шефот на владејачките социјалдемократи Ливиу Драгнеа изјави дека и Романија одлучила да ја премести во Ерусалим својата амбасада во Израел.

„Одлуката е донесена, почнуваат процедурите“, изјави Драгнеа за радио станицата Antena 3, но засега нема официјална потврда од владата.

Според членикот на романските социјалдемократи PSD, кои ја имаат клучната улога во водењето на владата на премиерка Виорица Данчила, владата усвоила во средата навечер „меморандум за почетокот на постапката од преместувањето на амбасадата во Ерусалим“.

Портпаролот на владата одбил да даде коментар за AFP. Овој документи владата го усвоила во отсуство на министерот за надворешни работи Теодор Мелешану, кој престојува во посета на Тунис.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември ја изненади меѓунардоната јавност со конечното, по децении одложување, потпишување на указот за преселување на американската амбасада во Ерусалим. Гватемала неколку седмици подоцна, исто така, ја најави таквата одлука. Но Романија би била првата земја од Европската унија којашто би го сторила тоа, бидејќи Брисел ги зема предвид силните негодувања на Палестинците и другите блискоисточни и муслимански земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.