Во ЕУ без работа 26 милиони луѓе

Во Европската Унија стапката на невработеност во јануари била 10,8 отсто, што е ниво кое не се променило од октомври, што означува дека во еврозоната без работа се 26,23 милиони луѓе.

Најмногу невработени има во Грција дури 28 отсто и Шпанија со 25,8 отсто. Најниска стапка на невработеност има Австрија 4,9 отсто, па Германија со пет отсто и Луксембург со 6,1 отсто.

„Податоците за невработеност, за жал, ја потврдуваат стагнацијата пазарите на трудот низ Европа“, изјавил европскиот комесар за социјални прашања, Ласло Андор.

Тој додал дека има благо намалување на невработеноста  кај младите од 24,1 на 24 остсто. Според него, во ЕУ без работа се 3,53 милиони помлади од 25 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.