Во февруари раст на индустриското производство за 15,2 проценти

Зголемен бројот на вработени во индустријата
Зголемен бројот на вработени во индустријата
Индустриското производство во февруари е зголемено за 15,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст од 7,9 проценти е забележан во секторот Рударство и вадење камен и од 19 проценти во секторот Преработувачка индустрија, додека пад од 10,5 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 0,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,6 отсто, Капитални производи за 54,4 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто. Опаѓање се бележи кај Трајните производи за широка потрошувачка за 18 проценти.

Во периодот јануари – февруари индустриското производство е зголемено за 11,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.