Во ФФМ работилница за сузбивање на насилството, безбедноста и присуството на навивачки групи

Во Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе се одржи работилница посветена на организацијата на спортските настани во контекст на сузбивањето на насилството, безбедноста и присуството на навивачки групи.

На истата ќе учествува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На работилницата ќе учествуваат и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, началникот на СВР Скопје Горанчо Савовски, првите луѓе на фудбалските клубови Вардар, Шкендија, Пелистер и други, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.