Во Франција од почетокот на годинава спечени два планирани терористички напада

Во Франција од почетокот на годинава спречени се два планирани терористички напада, еден на спортски комплекс на западот од земјата, а друг врз воените сили на југот, извести во неделата француското министерство за внатрешни работи.

„Од 1-ви јануари спречивме само два планирани напада коишто требало да бидат извршени на југот и на западот од земјата“, изјави за француските новинари министерот за внатрешни работи Жерар Коломб.

Откри дека џихадистичката група Исламска држава планирала „напади на Западот за да го сврти вниманието од сопствените воени загуби“ во Ирак и во Сирија, каде што претрпи порази.

Во западна Франција цел на нападот бил голем спортски комплекс. „Целта на нападот биле млади спортисти“, рече Коломб. Според извор близок на истрагата, „мажот кој го планирал нападот е уапсен кон средината на јануари“, пренесува AFP.

Коломб рече дека цел на вториот напад на југот од земјата биле припадници на вооружените сили, попрецизно антитерористички патроли. Во врска со овој атентат кон половината на јануари е уапсен маж на 33-годишна возраст во чиј стан во Ним се пронајдени предмети кои можеле да се искористи за изработка на експлозивни направи, дознава AFP.