Во Франција прогласена тридневна жалост

Премиерот на Франција Мануел Валс најави дека во Франција ќе биде прогласена тридневна жалост, која ќе почне од сабота.

Тероризмот е закана што ја притиска Франција. Се соочуваме со војна што тероризмот ја отпочна против нас. Целта на терористите е да предизвикаат страв и паника, рече Валс во неговото обраќање во Париз пред да се упати кон Ница, пренесува „Гардијан“.

Во продолжение францускиот премиер, според преводот на Би Би Си додаде:

Времињата се променија и ние треба да научиме да живееме со тероризмот. Треба да покажеме солидарност и колективна смиреност. Франција е погодена во срцето на 14-ти јули, нашиот национален празник. Тие сакаат да го нападнат единството на француската нација. Единствен чесен одговор е ако Франција остане лојална на духот  на 14-ти јули и на неговите вредности.

Како што нагласи, во моментов за истрагата е задолжен јавниот обвинител во Париз.