Свет

Во Франција собрани 12.500 потписи за азил на Сноуден

Во Франција собрани 12.500 потписи за азил на Сноуден

Повеќе од 12.500 французи за неколку саати потпишале петиција за одобрување на азил на поранешниот соработник на NSA, Едвард Сноуден, пренесуваат француските медиуми.

Весникот „Експрес“ во вторникот наутро објави петиција од 50 истакнати личности, меѓу кои и поранешниот премиер Мишел Рокар, поранешниот министер Бернар Кушнер, социологот Едгар Морен и филозофот Лик Фери.

„Франција, која важи за земја која ги почитува човековите слободи и права изразува посебна обврска кон Сноуден“, се наведува во петицијата упатена до премиерот Мануел Валс.

„Откривајќи ја недозволената работа на NSA, Едвард Сноуден ги заштити граѓаните на Европската Унија. Можеме и ние да му помогнеме. Срамота е што ниедна европска земја досега не реагирала“, пишува „Експрес“.

Сноуден, на кого привременениот азил во Русија му истекува во август, рече дека веќе поднел официјално барање за азил во Бразил.

Тој во САД се соочува со обвинувања за шпионажа бидејќи ја откри голбалната програма за прислушкување и следење која NSA ја спроведувала во САД и поголем дел од светот.