недела, 1 јануари 2017  |  Вести денес: 7

Во Франција за четири години 10 терористчки напади

париз

Поврзани вести

Франција во последните пет години стана мета број еден за терористите.
Од 2012 година до денес се изведени дури десет терористички напади од кои најкрвави беа оној во Париз лани на 13 ноември и овој во Ница, кој се случи во четветокот навечер каде што беа убиени 84 лица.
Март 2012 година – Француски државјанин со потекло од Алжир уби тројца војници, учителка и тројца студенти во еврејско училиште во Тулуз. Полицијата го уби.
Мај 2013 – Маж кој поминал во ислам, нападна со нож француски војник во врат во Париз. Војникот го преживеа нападот.
Декември 2014 – Француски државјанин роден во Бурунди нападна во Париз неколку полицајци. Имал нож и викал Алаху Акбар. Полицијата го  уби.
7 Јануари 2015 – Саид и Шериф Коуачи убија 12 лица во редакцијата на сатиричниот магази „Шарли Ебдо“ во Париз.
8 јануари 2015 – Емеди Коулибали уби полицајка пред да влезе во една еврејска продавница во Париз и уби уште четири лица. И тој и браќата Коубачи се убиени.
26 јуни 2015 – Во фабрика кај Гренобл еден маж е обезглавен, а неколку лица се повредени. Еден маж е уапсен, а Оланд нападот го нарече терористички.
21  август 2015 – Тројца напаѓачи го спречија вооружениот напаѓал кој планирал напад на возот кој сообраќал на релацијата Амстердам – Париз. Три лица се повредени.
13 ноември 2015 – Стотина луѓе се убиени во серија напади на ресторани, сала и фудбалски стадион во Париз. Оланд тогаш ги затвори границите и воведе вондредна состојба.

13 јуни 2016 – Еден полицаец и неговата сопруга на смрт беа избодени во својот дом во близина на Париз. Напаѓачот бил член на ИСИС.
14 јули 2016 – Повеќе 80 лица се убиени во нападот во Ница.

Најчитани вести