Во Газа од повредите почина 17-от Палестинец

Палестинец умрел од последици на ранувањето во огнот што во петокот го отворија изреаелските војници во близина на границата со Појасот Газа, со што бријот на загинати Палестинци се зголео на 17, соопшто во понеделникот министерството за здравство во енклавата.

Станув збор за 29-годишниот Фарис а-Раќиб кој бил погоден во стомакот на југот од Појасот Газа во мирниот протест на десетии илјади Палестинци.

Петокот беше најсмртоносниот ден според бројот на жртвите во Пјасот Газа од 2014 година која Израел испрати војску во енклавата. Покрај 17-те мртви, повеќе под 1.400 Палестинци се рането, меѓу нив 757 во пукање со боева муниција, соопшти министерството за здравство во Газа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, побараа „независна истрага“ за користењето боева муниција од страна на израелските безбедносни сили, што еврејската држава одлучно го негира. Палестинските претставнци, пак, ги обвинуваат израелските сили дека пукале врз демонстрантите кои не претстувале директна закана.

САД во саботата ноќта вложија вето на предлог декларацијата на Советот за безбедност при ОН повикувајќи ги „сите страни на воздржаност и на спречување секаква дополнителна ескалација“.

Во петокот десетици илјади Палестинци се собраа пред оградата којашто го дели Израел од Појасот Газа, првиот ден од „Маршот за враќање“. Во протестот кој според првичните најави треба да трае шест седмици, Палестинците бараа „право на враќање“ на стотиците илјади кои побегнале или биле прогонети по војните кои избувнаа по прогласувањето на Државата Израел во 1948 година.