Спорт

Во Гази Баба отворен турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“

Во Гази Баба отворен турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски синоќа го отвори традиционалниот фудбалски турнир „8 – ми Септември“ во Триангла, општина Гази Баба.

На натпреварувачите на овој турнир, кој секоја година станува се помасивен, Трајановски, им посака успех и добра игра.

Повеќе од 60 фудбалски екипи годинава ќе земат учество на турнирот, а традиционално ќе се одржува во спортското игралиште во населба Триангла, Општина Гази Баба.

Фудбалскиот турнир „8 – ми Септември“ се одржува по 7-ти пат и е во организација на „БА-ТУ-ТА Скопје”, финансиски поддржан од страна на Град Скопје и Општина Гази Баба.