Во Германија дете во градинка донесе бомба

Голем шок бил предизвикан во една германска детска градинка кога е забележано дека едно од децата во објектот донело бомба, објави локалната полиција во средата.

Момченцето пронашло запаллива бомба од Втората светска војна додека се шетало по шумата во близина на Дармштад, во централниот дел на Германија. Решило да ја однесе во градинката за да се пофали.

Веднаш откако негувателката го забележала необичниот предмет на една и полиците, била повикана полицијата, а децата и вработените биле изведени на игралиштето. Пиротехничарите веднаш излегле на увид и ја преместиле бомбата на безбедна локација, по што децата биле вратени во објектот.

Името и возраста на момченцето коешто ја донело бомбата, како и нејзиното потекло, не се објавени.

Германските власти се под притисок дека мора да ги отстранат неексплодираните бомби од населените области, бидејќи стручњаците предупредуваат и тврдат дека бомбите со текот на времето стануваат сé поопасни поради заморот на материјалот.

Германските власти на почетокот од мај годинава ја изведоа една од најголемите операции на отстранување бомба од Втората светска војна, поради што 50.000 жители на градот Хановер во северозападот од беа евакуирани од своите домови. Хановер бил цела на чести бомбардирања на сојузничките воздухопловни сили во последните години од војната. Само на 9 октомври 1943 година врз овој град биле фрлени 261.000 бомби.

Неексплодираните бомби заостанати од сојузничките бомбардирања на тогашна нацистичка Германија кон крајот на Втората светска војна, често се наоѓаат во германските градови при градежни работи или одржување на инфраструктурата. Поради тоа, многу локални власти имаат специјални екипи задолжени за нивно откривање и безбедно детонирање.

Вкупно врз Германија за време на Втората светска војна биле фрлени повеќе од два милиона бомби, од кои меѓу 5 и 20 отсто, односно најмалку 100.000 не експлодирале. На неколку месеци, некогаш и почесто, при изведување градежни работи се откриваат вакви експлозивни направа. Вообичаено, властите објавуваат дека ниедна од нив не претставува реална закана за безбедноста на луѓето, и по неколку часа се неутрализирани.

Несреќен случај е забележан само во јуни 2010 година, кога експлодираше бомба од 500 килограми кај Гетинген, кога загинаа три а беа повредени две лица.

Најмногу бомби во Втората светска војна се фрлени врз германската престолнина Берлин – повеќе од 68.000 тони, Хамбург – 45.000 тони , како на територијата на Рурската обакст – 162.000 тони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.