Свет

Во Германија има повеќе од 19.000 мултимилионери

Во Германија има повеќе од 19.000 мултимилионери

Повеќе од 19.000 мултимилионери оваа година биле регистрирани во Германија. Ова е најголем број во Европа, со што оваа земја, по САД, се најде на второ место во светот.

Бројот на луѓето чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари, се зголемил секаде во светот, па според податоците ширум планетава оваа година има 211.000 такви мултимилионери.

Кога станува збор за мултимилионерите во Германија се претпоставува дека располагаат со имот од околу 2,5 билиони долари што е десет отсто повеќе отколку минатата година.

Карактеристично за Германија е тоа што нејзините мултимилионери во голем број го наследиле својот имот.

Дури 28 отсто од нив за своите милиони треба да им заблагодарат на роднините, а само 41 отсто од нив сами ги заработиле милионите.

Повеќето мултимилионери живеат во Минхен, Хамбург, Дизелдорф и Штутгарт.