Во Германија изгоре зграда наменета за бегалци

Во Германија изгоре зграда наменета за бегалци
Во Германија изгоре зграда наменета за бегалци

Во напуштена зграда на југот од Германија, каде што требало да бидат сместени бегалци, избил пожар, а полицијата не ја исклучува можноста пожарот намерно да е подметнат, пренесуваат германските медиуми.

При пожарот никој не е повреден, а висината на штетата дополнително ќе се утврдува.

Азилантите во Германија во последно време се честа мета на напади
Азилантите во Германија во последно време се честа мета на напади

Азилантите во Германија во последно време се честа мета на напади, а германската полиција потврдила дека во првата половина од годината пријавени се 173 напади врз азилантски домови од страна на десничарите, што е речиси трипати повеќе од истиот тој период минатата година

Политичарите со остра критика за нападите

Кноблох: Oваа земја „може и мора, по повеќе децениски живот во благосостојба, мир и слобода, да се ангажира за бегалците“.
Кноблох: Oваа земја „може и мора, по повеќе децениски живот во благосостојба, мир и слобода, да се ангажира за бегалците“.

Германските политичари остро ги критикуваат нападите, а поранешната претседателка на Советот на Евреи во Германија, Шарлота Кноблох, смета дека оваа земја „може и мора, по повеќе децениски живот во благосостојба, мир и слобода, да се ангажира за бегалците“.

Дневните екцесси пред домовите на бегалци се брука за нашата земја. Постои и несигурност кај сосема нормалните граѓани, што не смееме да ја игнорираме, изјавила Кноблох.

Таа додала и дека „постојат храбри луѓе кои се ангажират и покажуваат образ против оние кои шират омраза кон странците“.

Прашањето за сместувањето на азлантите поттикнува сериозни политички дискусии во Гермнија, бидејќи граѓаните често се противат во нивна близина да се доселат бегалци во чии домови оваа година избиле најмалку 10 пожари.

Бегалците се мета на напади од десничарите во неколку градови,  а политичарите бараат меѓу нив да се издвојат оние кои доѓат од Балканот и веднаш да се депортраат назад, бидејќи, како што велат „во нивните земји нема ни војна, ни политички прогон“.

Затоа бараат земјите со безбедно потекло да се прогласат и Албанија, Косово и Црна Гора, како што претходно тоа е направено со Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.