Свет

Студија за муслиманската популација во ЕУ Во Германија од 2050-та ќе се удвои бројот на муслиманите

Во Германија од 2050-та ќе се удвои бројот на муслиманите

Процентот на муслиманиското население би можел во Германија до 2050 година двојно да се зголеми, произлегува од студијата на институтот Pew, објавена во четвтокот во Берлин.

„Во Германија, доколку се земе предвид регуларната миграција без бегалските бранови, во 2050 година учеството на муслиманското население би можело да изнесува 11 отсто, што е речиси двојно повеќе отколку денес“, се забележува во истражувањето на споменатиот американски институт.

И без регуларната миграција, уделот на сегашните 5,5 отсто би можел да се зголеми на 9 отсто, проценува институтот Pew.

Причина за тоа е фактот дека граѓаните од муслиманска вероисповед во просек се помлади од останатиот дел од населението, како и дека муслиманските жени во просек раѓаат повеќе деца (1,9), за разлика од остатокот на женската популација (1,4 дете по жена).

Во студијата, во којашто се анализирани податоците од земјите членки на Европската унија, како и Норвешка и Швајцарија, земјите со најголем процент муслиманско население во ЕУ се Франција со 8,8 отсто, зад којашто следат Шведска со 8,1 отсто и Велика Британија со 6,3 отсто.

Студијата покажува и дека повеќето Германци доаѓањето поголем број бегалци од Сирија и од Ирак не го доживува како „сериозна закана“, за разлика од испитаниците во Полска, Унгарија, Италија и Грција.

Во Полска, во којашто отпорот на јавноста кон муслиманските доселеници е многу изразен, живеат околу 0,1 отсто муслимани.