Во Германија откриена бактеријата листерија

Според весникот „Зи Дојче Цајтунг“ во различни прозводи на фирмата биле пронајдени пет позитивни случаи на бактеријата која што е опасна за човековиот организам, особено за трудни жени и луѓе со нарушен имунолошки систем.

Компанијата „Сиебер“ која со храна го снабдува и меѓународниот аеродром во Минхен призна дека во сувомесните прозиводи била пронајдена бактеријата по што од продажба биле повлечени сите производи.

Според германските власти бактеријата не е пронајдена во сите производи на компанијата, но поради претпазливост сите нејзините 206 производи мора да бидат повлечени од пазарот. Од граѓаните се бара да не ги јадат повлечените производи.