Во Германија уапсен Авганистанец за сексуално насилство

Сексуалните напади од страна на лицето идентификувано како Хамид Ф. се случиле во последните неколку недели, а осомничениот по апсењето признал дека бакнувал и допирал две девојчиња во градот Кемниц во источна Германија. Авганистанецот се товари и за сексуално насилство и против две девојчиња и едно момче минатиот месец во Кајзерслаутерн. Тој е уапсен пред два дена по потерница издадена од Европол.
Авганистанците се на второ место според бројот  на новодојдени бегалци во Германија. Сексуалното насилство стана една од главните теми во германската јавност по новогодишните настани кога во Келн и неколку други градови од луѓе од Блискиот Исток и Северна Африка беа нападнати над 1.000 жени. Според последните промени на законот на азил, Германија многу полесно може да протерува луѓе кои што биле инволвирани во криминал без разлика на нивниот азилантски статус.