понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Во Германија уапсена десничарска терористичка група

Пет луѓе се уапсени денеска во Дрезден под сомнение дека основале десничарска терористичка група која напаѓала центри за бегалци и други објекти, јави дописникот на МИА од Берлин.

132478675

Последни вести

Во акцијата која што германските власти ја оценуваат како сериозен удар за крајната десница е уапсена таканаречената „Фрајтал група“ именувана според предградието на Дрезден каде што во минатава година се случија голем број инциденти насочени против бегалците. Во акцијата во која се пребарани неколку живеалишта се уапсени четворица мажи и една жена на возраст од 19 до 38 години.

– Со денешната операција безбедносните служби зададоа сериозен удар за регионалните крајно десничарски групи, смета федералниот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој објаснува дека во операцијата биле инволвирани федерални агенти и полицајци како и припадници на покраината Саксонија каде што се наоѓа Дрезден.

Според јавното обвинителство, групата од Чешка набавила повеќе од 100 запалливи материјали кои што биле наменети за подметнување на пожари во бегалски центри и сместувалишта за бегалци. Групата составена од лицата Џастин С. , Рико К., Марија., Себастијан. и Мајк., е осомничена дека во септември и октомври извела три напади во Дрезден во кои имало повредени бегалци. Покрај за членство во терористичка организација ним ќе им се суди и за обид за убиство, нанесување тешки повреди и подметнување пожари и експлозии.

Три други лица од кои двајца се сметаат за лидери на групата се осомничени за основање на групата и веќе се во притвор поради подметнување експлозив.

Најчитани вести