Во Германија уапсени поддржувачи на Исламска држава

Полицијата во Штудгарт уапсила тројца млади луѓе осомничени за финансирање на тероризам.

Според обвинението еден германски и двајца турски државјани на возраст од 20 до 25 години давале пари на членови на ИД, планирале да се борат во редовите на вооружената организација, а меѓу делата за кои се товарат е и дистрибуирање копии на Куранот на членови на Исламска држава, пренесува МИА.

Јавното обвинителството денеска во својата изјава информира дека на тројцата осомничени кои што биле уапсени во градот Улм во неделата предходно им било забрането да ја напуштат Германија со цел да се спречи нивно заминување во редовите на ИД во Сирија или Ирак.