Во Германија живеат лица од 190 земји

Според извештајот на Центарот за регистар за странци, во Германија се евидентирани над седум милиони странци, а повеќе од еден милион дошле од Турција. По нив, во Германија живеат најмногу Полјаци, Италијанци и Грци.

Како што се наведува, во Центарот за регистар за странци од 31-ви декември се евидентирани државјани од 190 земји.

Во Германија единствено не се евидентирани државјани од Демократската Република Источен Тимор, Република Палау, Микронезија и Маршаловите острови.