Во Гетеборг уапсени 15 неонацистите за неодобрен митинг

Полицијата уапсила 15 членови на неонацистичката организација Северно движење на отпорот (NMR)кои одржале нелегален митинг во шведскиот град Гетеборг, пренесува порталот Local.

„Уапсените се однесени во полициска станица. Тие го нарушуваа јавниот ред и мир“, изјави портпаролот службите за спроведување на законот, Ханс Липенс.

Неонацистите излегле на улиците на Гетеборг истакнувајќи плакати и делејќи летови. Учесниците на митингот истакнале транспарент со екстремистички пораки на локалниот магистрален пат на излезот од градот.

Истовремено со демонстрациите на неонацистите на Гетеборг се одржала и акција на нивните противници. Според порталот, двајца учесници на овој собир, исто така, биле приведени. Уште еден активист на крајната левица бил повреден во пресметката со радикалните, но неговата состојба не е потврдена. Полицијата соопшти дека го истражува инцидентот.