Во гевгелиско ќе бидат исплатени 10, 5 милиони денари за штетите од невремето

Штетите од невремето во гевгелиско се проценети на 10,5 милиони денари. Тој износ ќе им биде исплатен на 38 физички лица, четири правни субјекти и 17 сопственици на викендици и куќи, кои во определениот рок ги пријавиле штетите на имотите, земјоделските посеви и на инфраструктурните објекти.

Елаборатот направен од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди доби зелено светло од Советот на општина Гевгелија и ќе биде пратен на усвојување пред второстепена комисија.

Излеаната вода од коритото на Вардар, Кованка и Сува река поплавиле површина од 24,4 хектари во атарите на Негорци, Мрзенци и Богородица и оштетувања на објекти за домување во Гевгелија, Давидово и Смрдлива вода. Направените штети според проценката на Комисијата се движат од 2 до 100 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.