Во голем број градови на БиХ ќе се одржат нови демонстрации

Денес во Босна и Херцеговина ќе се одржат нови демонстрации против владата и сиромаштијата, пренесе „АФП“.

Протести се очекуваат во неколку големи градови во земјата, откако синоќа премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина одби да поднесе оставка. Нермин Никшиќ изјави дека оставката на Владата ќе доведе до парализа, а неговата партија повика на предвремени избори.

Никшиќ додаде дека денес формацијата ќе поднесе до парламентот предлог за измени во изборниот законик, кои ќе дозволат организирање на предвремени избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.