Во Гостивар и Скопје украдени злато и пари вредни по 5.000 евра

Две тешки кражби за еден ден во Скопје и Гостивар, арамиите избегале со плен од 5.000 евра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден се случиле две тешки кражби, едната во гостиварското село Форино, а другата во Скопје.

Арамијата го искористил моменто кога 29-годишниот С.И. од Форино заборавил да ја заклучи вратата, па влегол во куќата од која украл златен накит вреден околу 5.000 евра.

Од куќата на 32-годишниот Б.С. на улицата Христофер Жефраровиќ арамија украл златен накит и 1.800 евра. Со богат плен од 5.000 евра арамија избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на кражбите.