Во Градскиот парк во Скопје најден мртов маж

Починато машко лице утринава е пронајдено на автобуската постојка кај Фонтана во Градски парк, а според првичните информации станува збор за маж на возраст од 69 години.

Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за починато лице додавајќи дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Неофицијално лицето починало од природна смрт.